23 октомври – неработен за сите граѓани на Македонија

Согласно со Законот за празниците, следниот вторник, 23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството на граѓаните во земјава им го честита празникот.