2020 треба да биде година кога ќе престанеме да се ставаме себеси на последно место

2019 треба да биде последна година кога сите други ги ставете пред себеси, а следната година треба да биде првата кога себеси ќе почнете да се гледате како приоритет. 

Тоа треба да биде година кога ќе се трудите да се дружите со луѓе кои ве прават среќни, а да заборавите на оние кои ве полнат со негативна енергија и прават да се чувствувате лошо. Нека биде тоа година кога конечно ќе почнете да се грижите за својата среќа, а помалку на туѓата среќа, односно година во која ќе бидете тука за другите, но пред сè ќе бидете тука за себе. Нека биде 2020 година кога конечно ќе сфатите што ви е потребно и ќе се потрудите да го добиете тоа.

Нека биде година во која почесто ќе се смеете, а помалку ќе се нервирате за луѓето и работите кои не го разбираат тоа. Нека биде година во која ќе сфатите кои се луѓето кои секогаш се тука за вас и за кои секогаш треба да сте и вие тука. Нека биде период во кој конечно благосостојбата и доброто расположение ќе ви бидат на прво место.

Научете да кажете не без да се плашите од реакцијата на другите луѓе. Научете да бидете тука за другите, но не и да дозволувате да ве газат со своите постапки и зборови и без збор да си заминете и да не погледнете назад од сите токсични ситуации и луѓе.

Научете да не прифаќате веќе лош третман, да не бидете втора опција за некого, да не сте тука за некој кој не ве почитува. 

Нека 2020 биде година во која ќе бидете љубезни кон другите, но повеќе од сè година во која ќе бидете љубезни кон себе.