2018 ќе биде среќна само за оние со подлабок џеб

Најавените реформи најавуваат потенок паричник и многу послаба куповна моќ.

Од она што е официјално, нафтата по 1 јануари ќе биде за најмалку 3,5 денари поскапа поради зголемената акциза. Покрај ова не треба да биде изненадување дополнителен скок на цените на суровата нафта на светските берзи. 

По нафтата експертите најавуваат и поскапување на парното. Според проценките, поскапувањето ќе биде за околу 30%. Па така, за еден стан од 60 метри квадратни ако до сега се плаќаа 2000 денари, по воведувањето на калориметрите ќе се плаќа по 2600 денари.

Граѓаните стравуваат и од поскапување на струјата. Измените во законот за енергетика и можноста да се вклучи нов добавувач на овој енергенс освен постоечкиот ЕВН според експертите ќе ја покачи и цената на струјата бидејќи таа ќе биде диктирана од слободниот пазар, каде во моментов чини повеќе од она што ние го плаќаме.

За разлика од поскапувањата, за покачување на платите никој не зборува.

Од прехранбените производи, пекарите веќе најавија дека во јануари ќе замесат нова цена на лебот

Новите општински власти како борба против загадувањето објавија зголемување на цената на паркинг услугите. 

Штета ќе трпат и јавните претпријатија. И за приватниот сектор ова ќе бидат огромен трошок, реагираат транспортерите.

И додека Владата ветуваше живот и плата од 30.000 денари, како и јакнеење на средната класа, повисоките цени на сите производи ќе им се удрат од глава на граѓаните.  

Со сите најавени мерки кои ќе ги спроведува власта, првенствено се осиромашува и онака сиромашното население. Ќе им треба повеќе пари за основните потреби, како храна, облека, превоз, па така останува многу малку за другите потреби. Познавачите коментираат дека се позивесно е дека мерките и политиките на власта на сдсм ќе вратат две класи во државата- сирошни и богати.