20 совети за подобар секс во 2020

Една од одлуките што ги носиме за новата година е да водиме поздрав живот, а тоа подразбира и редовен и среќен сексуален живот. Малите промени може да значат многу, а тоа особено важи за сексот.

Најважно е да знаете кои ви се приоритетите и да ги следите вашите природни потреби. Нема потреба од форсирање, но сепак треба да вложите напор ако сакате да имате подобар секс во 2020.

1. Сексот не треба да биде обврска. Следете и вашите природни биоритми и имајте секс, макар и на бринка, кога ќе ви се пружи прилика, а не по распоред.

2. Правете Кегелови вежби за зацврснување на вагиналните мускули.

3. Слушајте ги експертите. Не мора да се водите по сѐ што ќе прочитате, но ако имате проблем со партнерот, помошта од професионалец не е на одмет.

4. Не заборавајте на предиграта. Спонтаниот секс е супер, но кога веќе имате време и простор на располагање, опуштете се и уживајте целосно.

5. Тестирајте се. Нема подобро чувство од сознанието дека сте здрави и вашето тело е подготвено за секс без инхибиции.