20 работи во кои верува Опра Винфри: „Сѐ се враќа, сѐ се плаќа“!

  1. Сѐ се враќа, сѐ се плаќа. (Ова е моето главно мото)
  2. Вие самите го создавате сопствениот живот. Не дозволувајте други луѓе да ви го пишуваат животното сценарио.
  3. Што и да ви било направено во минатото, тоа нема моќ во сегашноста. Вие сте тие кои му даваат важност.
  4. Кога луѓето ќе ви покажат кои се, верувајте им уште првиот пат. (Лекција од Маја Ангелоу)
  5. Нервирањето е губење време. Искористете ја таа енергија да направите нешто околу тоа што ве нервира.
  6. Она во кое верувате има поголема моќ отколку она за кое сонувате, посакувате или се надевате.
  7. Ако единствената молитва која ја изговарате е „Благодарам“ и тоа е доволно. (Германски теолог и хуманист Мејстер Екхарт)
  8. Среќата која ја чувствувате е непосредно врзана со љубовта која ја давате.
  9. Промашувањето е предупредување дека треба да се насочите во друг правец.
  10. Ако изберете опција која оди проти сѐ во коешто другите веруваат, светот нема  да пропадне.
  11. Верувајте им на своите инстинкти, интуицијата никогаш не лаже.
  12. Сакајте се себеси, а потоа научете да ја ширите таа љубов при секоја средба со други луѓе.
  13. Дозволете страста да биде моторот на вашата професија.
  14. Пронајдете начин да бидете платени за работата која ја сакате. Секој чек кој ќе го добиете ќе биде само бонус.
  15. Љубовта не боли. Љубовта е многу добро чувство.
  16. Секој ден носи можност за нов почеток.
  17. Мајчинството е најтешката работа на светот.
  18. Сомневањето значи: Немој. Не се движи. Не одговарај.
  19. Кога не знаете што да правите, само смирете се. Одговорот ќе си дојде сам по себе.
  20. Неволјите не траат вечно. (Стих од црнечка духовна песна која содржи уште еден мој омилен стих: И ова ќе пројде).