2 ефикасни совети за решавање на проблемот со несоница

Ви претставуваме два ефикасни совети за тоа како да го пребродите проблемот со несоница.

Прво – ако сте се разбудиле со идеја која претстојниот ден треба да ја претворите во реалност, запишете ја на лист хартија. Тоа ќе ви помогне полесно и побргу да продолжите да спиете.

Второ – ако лежите повеќе од 15 минути, и не можете повторно да заспиете, станете од креветот и почнете да правите нешто што го сметате за смирувачко, нешто што ве опушта. Настрана од телевизорот и компјутерските игри. Зафатете се со нешто попријатно – и за психата и за моториката. На пример – сложувалка.