19 јануари – Водици, неработен ден за православните

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 19 јануари, петок, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Водици или Богојавление – денот на кој, според христијанското предание, св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар. Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа, кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања, во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова година (Василица) и сл.