17 совети за посреќна 2017

Се наближува крајот на годината, а на крајот на секоја година секогаш се надеваме дека следната ќе биде поубава, посреќна и поубава од претходната. Но, за некои работи треба сами да се погрижиме.

Едноставно е.

1 – Прифатете ги своите грешки и обидете се да научите од нив. Животот е полесен така.

2 – Ако навистина сакате нешто, не откажувајте се од него.

3 – Не наоѓајте оправдувања за луѓето кои ве третираат лошо, бидејќи „длабоко во себе верувате дека се добра личност“.

4 – Не се дружете со некоја личност која е добра со вас, само 20 % од времето, кога остатотокот од времето е мачење.

5 – Ослободете се од сите луѓе кои ве претвораат во нешто на што не сте горди.

6 – Грижете се за своето тело и здравје, бидејќи без нив немате ништо.

7 – Ако нема да ви значи после една година, не трошете време нервирајќи се за нешто.

8 – Сите ваши чувства се важни, но не правете драма без причина.

9 – Дајте онолку колку што имате. Ниту еден гест не е премал за да направи промена во нечиј живот.

10 – Прегрнете ги своите родители и кажете им дека ги сакате. Нема да бидат до вас засекогаш.

11 – Можеби ќе бидете најубавото сонце на светот, но ќе постојат луѓе кои ќе најдат причина да мразат сонца. Тоа не е ваш проблем.

12 – Луѓето не се грижат премногу за вашиот живот, бидејќи се презафатени градејќи слика за нивните животи.

13 – Прегризајте онолку колку што можете да соџвакате.

14 – Ако нешто не ве прави среќни – откажете се. Никогаш нема да ве прави среќни.

15 – Секогаш имајте некаква цел и секогаш трудете се да исполните нешто што ви значи.

16 – Запомнете дека повеќето нешта не се толку лоши колку што изгледаат.

17 – Секогаш слушнете ја целосната приказна пред да донесете претпоставки и секогаш слушнете ги туѓите мислења, особено кога се разликуваат од вашите.