16 наједноставни совети за среќен живот

Секој човек сонува за успешен живот без големи проблеми. Не е толку тешко да се постигне таков живот. Преземете секојдневни мали чекор кон таквиот живот, а еве и неколку совети кои можете да ги примените:

  1. Натерајте се да станете пред останатиот свет. Најпрво почнете да се будите во 7, па во 6, па во 5.30 наутро. Отидете до најблиското брдо, земете капут и шал и восхитувајте му се на изгрејсонцето.

  2. Натерајте се да заспиете порано. Почнете да си легнувате во 23, па во 22, па во 21 часот. Наутро ќе се будите посвежи и ќе имате повеќе енергија. 

  3. Потрудете се да исфрлите преработена храна од вашата искрена. Исфрлете ги слатките и чипсот. 

  4. Создадете навика да си подготвувате прекрасен доручек. Седнете и јадете и не правете ништо друго. 

  5. Истегнете се. Започнете прво со истегнување кон небото, а потоа обидете се да ги допрете ножните прсти. Истегнете го вратот, правете кругови со главата. Истегнете го цело тело. 

  6. Купете шише вода од еден литар. И трудете се прво да пиете по еден литар вода дневно, а потоа зголемете на два. 

  7. Купете убав дневник и пенкало. Запишувајте сѐ што правите, вклучувајќи и вечерни излегувања, состаноци, задачи, кафе и сѐ што треба да направите во текот на денот.

  8. Наместете го креветот, средете ги чаршафите, наполнете ја машината за перење.

  9. Средете си ја собата. Од ормарот па сѐ до лап-топот, исчистете и ослободете се од непотребните алишта. 

  10. Туширајте се додека во позадина одат звуците од вашите омилени песни. Измијте ја косата, направете пилинг за тело, измијте ги забите. Намачкајте го телото со хидратантна крема. 

  11. Излезете на прошетка. Ставете слушалки во уши и уживајте во тие моменти сами со себе. Насмевнете им се на луѓето со кои се разминувате и изненадете се од тоа колку возвратени насмевки ќе добиете. 

  12. Пратете им интересни пораки на пријателите. Сетете се на старите спомени. Предложете им повторно да се соберете сите. 

  13. Поминете многу време размислувајќи што ве интересира. Најдете интересна книга во врска со тоа и прочитајте ја. Има книги буквално за сѐ. 

  14. Станете личност во која и вие самите би се заљубиле. 

  15. Подарете им комплимент на луѓето околу вас. Обидете се да не исмејувате некого. Одете исправено. Гледајте ги луѓето во очи. Прашувајте ги за нивниот живот. Разговарајте со познаниците и создадете нови пријателства. 

  16. Лежете на сонце. Сонувајте за животот кој би го имале доколку неуспехот не би постоел. Отворете ги очите. Почнете да дејствувате.