Недостатокот на железо во крвта е најчестиот нутритивен дефицит во светот и членовите на женскиот пол се најподложени на оваа проблематика.
Железото е од суштинско значење за производство на хемоглобинот, протеин кој им помага на црвени крвни клетки за транспорт на кислород низ телото.
Затоа, недоволно количество на железо во крвта е проблем поради кој страда целото тело а може да дојде и до анемија.
Со цел да се делува превентивно и на време да се сфати дека треба да се зголеми внесот на железо низ исхраната, проверете дали и вие ги имате овие 15 симптоми:
1- Се чуствувате исцрпени
2- Имате долга и преобилна менструација
3- Бледи сте
4- Бргу останувате без здив
5- Срцето ви работи забрзано
6- Имате “синдром неуморни нозе”
7- Имате главоболки
8- Сакате да јадете некои нехранливи супстанции како глина, мраз…
9- Чуствувате анксиозност без причина
10- Ви паѓа коса
11- Вегетаријанец/ Веган сте
Железото од месото е три пати поефикасно од железото кое го добиваме од растенијата.
12- Имате слабо активна тироидна жлезда.
13- Трудни сте
14- Јазикот чудно ви изгледа
15- Имате запаление или болест на цревата.
Колку железо всушност му треба на телото? Износот на потребните дози на железо во телото зависи од неколку фактори.
Жени на возраст од 19-50 години треба да внесуваат 18 милиграми железо на ден, бремените жени го зголемуваат внесот на 27 милиграми, а доилките треба да внесуваат 8 милиграми дневно.
Старите жени во менопауза треба да внесуваат доза од 8 грама.
Железо највеќе има во леќата, спанаќот, говетското месо, оревите, пилешкото и леблебиите (наутот).
Исто така, важно е да се земе во предвид дека вишокот на железо, исто така е опасно по здравјето на луѓето, па не треба да се претера со додатоците во исхрана.