13 работи кои ќе ги разберат само луѓето родени во хороскопскиот знак Риби

Во продолжение прочитајте 13 работи кои ги сфаќаат само луѓето родени во хороскопскиот знак Риби!

  1. Кога луѓето се плашат од вас затоа што вашите чувства се толку длабоки. Во погрешни раце, толку многу чувства можат да уплашат многу луѓе, а вие само сакате да ги бркате со своите интензивни чувства и да викате: „Извини, ама јас имам чувства за тебе“, а тие веќе побегнале од државата. Е па, добро...

  2. Кога ќе им кажете ДА на сите, па работите осум часа и го средувате тревникот на соседите и плус го чувате детето на вашата сестра и плус правите вечера, само затоа што не сте сакале да повредите никого. 

  3. Кога ќе се заљубите во некого, буквално му градите чамец и замок и му купувате 14 пици и мастики. Рибите сакаат и тоа многу!

  4. Пријателите ве замолуваат да дојдете на време, а вие само си помислувате: „Никогаш!“ А дури и ако стигнете на време, им давате до знаење дека тоа нема наскоро да се повтори. 

  5. Не можете моментално да зборувате затоа што пишувате песна за портретот кој сте го нацртале, а истовремено печете и колачи. Сериозно, има ли некој дел од уметноста кој го немате совладано? Не? Знаеме. 

  6. Кога некој ќе ве праша за што размислувате, а вие не знаете од каде да почнете. Вие постојано размислувате за сѐ. 

  7. Не знаете веќе каде да отидете, бидејќи сте пропатувале речиси секаде. Ви остана само уште Марс (еден ден, можеби).

  8. Кога луѓето ви се лутат затоа што не им обрнувате внимание додека зборуваат. Воопшто не разбираат дека едноставно не можете, а да не побегнете во светот на фантазијата.

  9. Кога луѓето претпоставуваат дека вие немате ниту еден проблем, затоа што секогаш изгледате среќно и слатко. И така сите се шокирани кога поминувате низ тежок период, а тоа е толку чудно, бидејќи сепак и вие сте само човек. 

  10. Секоја одлука која треба да ја донесете ве фрла во маѓепсаниот круг на анксиозноста. Дури и кога некој ќе ве праша што сакате да јадете, сепак, замислете ако одберете погрешно?

  11. Не сфаќате зошто луѓето се опседнати со „планови“. Зарем не би било подобро кога само би се впуштиле во нешто и би правеле што било?

  12. Толку сте полни со живот и идеи што често сите ви делуваат досадно. Зошто сите не се толку полни со забава и фантазија? Вие би рекле дека луѓето треба да сонуваат многу повеќе!

  13. Луѓето не разбираат зошто плачете додека гледате реклами со слатки, мали, среќни маченца. Тоа е само затоа што не можете да ги погалите. Сериозно, вие постојано ги чувствувате сите чувства на планетава.

И ние ги обожаваме сите овие работи кај вас! Никогаш немојте да се менувате!