12 познати македонски спортистки се дел од новиот календар на „Пелистерка“ за 2018 година.Секоја во различен спорт и дисциплина и секоја силна, но и женствена истовремено. Сите 12 месеци зрачат со сексапил, а секој ќе си го одбере својот фаворит.

Идејата е да се покаже дека жените можат да бидат убави, но паралелно и силни, упорни и дисциплинирани, а мотото на кампањата е „Вода за најдобри“.

„Пелистерка“ ја привлече спортската јавност и пред почетокот на 2016 година, кога направи секси-календар и со ракометарките на ЖРК Вардар.

На календарот се Берна Шерифовска (џудо), Дрита Ислами (атлетика), Едина Муса (кошарка), Елена Чуркоска (кајак), Ивана Јанкова (одбојка), Катерина Николовска (велосипедизам), Леана Таќи (тријатлон), Марија Божиновска (боди-билдинг), Милјана Ристиќ (маратон), Наташа Андонова (фудбал), Нина Ѓорѓевиќ (карате), Стефани Тодорова (кикбокс).