12 годишно девојче иcчeзнa од Центарот за coциjaлна работа

Исчезна 12 годишно девојче од Центарот за социјална работа. Според информациите на МВР, вчера во 14.00 часот во Полициска станица Драчево, старател од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје-Центар, пријавила дека од домот се оддалечила А.Б.(12), за која се претпоставува дека е со нејзината постара сестра М.Б.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.