11 лица приведени за поседување марихуана од кои еден е малолетник

Во неколку акции на полицијата во изминатото деноноќие низ Република Северна Македонија, извршени се акции што резултираа со единаесет апсења за поседување марихуана.

На 11.10.2019 во СВР Тетово биле лишени од слобода Ш.Т.(42) и Д.Т. (68) од с.Церово, тетовско, кај кои истиот ден во периодот од 06,45 до 09,30 часот, постапувајќи по претходно издадена наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници при преглед во куќа и патничко возило „Голф 5“ со тетовски регистарски ознаки во сопственост на Ш.Т. и неговиот татко Д.Т. пронашле марихуана, пушка „бокерица“ кал.12мм, 13 патрони различен калибар и 15 куршуми калибар 7,62 и 15 м. дрва без печат. За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.10.2019 во 15,30 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата „Македонско- Косовска бригада“ го лишиле од слобода Г.Д.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.10.2019 во 21,00 часот полициски службеници од СВР Скопје па подрачјето на Петровец ги лишиле од слобода Ш.И.(35) и Д.И.(26), двајцата од Куманово, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во Полициското одделение Петровец и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.10.2019 во 17,50 часот полициски службеници од СВР Скопје во централното градско подрачје го лишиле од слобода И.К.(38) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.10.2019 во 00,30 часот полициски службеници од СВР Скопје на улицата „50-та Девизија“ кај 17-годишен малолетник од Гостивар пронашле марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.10.2019 во 00,10 часот во с.Требош во близина на раскрсницата за с.Џепчиште од полициски службеници било сопрено патничко моторно возило „Рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(19) од с.Теарце. При извршен преглед на возачот и возилото кај него била пронајдена марихуана. П.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициското одделение Групчин. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.10.2019 во периодот од 00,45 до 01,25 часот во с.Долна Бањица, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Н.(19) од с.Долна Бањица, затоа што при преглед во домот кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.10.2019 во 23,35 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.М.(22) од с. Врапчиште, гостиварско и Х.М.(21) од с.Неготино, гостиварско затоа што при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.