1.000 ЕВРА ЗА КВАДРАТ: Парно нема, греење само на струја

Клима-уреди или панели (радијатори) на сопствено греење, се еднинствената опција на купувачите на половина од новите станови во Скопје.

Токму фактот дека цената на станбениот квадрат ги продава становите е водилката на инвеститорите да нарачуваат згради што ќе бидат проектирани без оџаци и можност за централно греење.

Инвеститорите велат дека им е неисплатливо во новите згради да поставуваат радијатори за централно греење.

За разлика од кај нас, каде поставувањето оџаци е оставено на воља на инвеститорите, во соседна Србија тоа е уредено со закон. Таму не се поставува прашање дали во зградата има или нема оџаци, туку истата не се дозволува да биде изградена бидејќи инвеститорот нема да добие дозвола за градба ако оџаците не се предвидени во проектот.

Освен тоа дека оџаците кај нас, не се задолжителен елемент на една колективна станбена зграда, отстапки има и за задолжително поставување на помошни противпожарни скали за секоја зграда над шест ката.