100 години стара, ведра и со поглед полн со живот: Марица Андреева е најстариот жител на општина Центар

Ведра, со поглед полн со живот и брчки кои сепак и ги издаваат годините и искуството кои ги има зад себе. Марица Андреева е најстариот жител во Општина Центар и пред само неколку дена наполни 100 години. Иако годините ја надвиснале, блажината на нејзиниот поглед и позитивниот дух е она што и останало и ден денес.

Таа е стара скопјанка, родена и израсната во Маџир маало, раскажува како куќата од нејзиното детство сеуште е таму како сведок на спомените. 

Фотографии на својата фејсбук страна ги објави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кои изминатите денови беше во посета на баба Марица. 

Се испративме со желби пак да се видиме за наредниот 101 роденден, напиша Богдановиќ на фејсбук. 

Ведра, со поглед полн со живот и брчки кои сепак и ги издаваат годините и искуството кои ги има зад себе. Денес ја...

Posted by Саша Богдановиќ on Saturday, September 28, 2019