10 знаци на телото кои откриваат дека не сте здрави

Човечкото тело е неверојатна машина која треба редовно да се чува и внимава. Затоа е важно внимателно да го слушате и да не го игнорирате доколку забележите некои од овие десет знаци!

1.Сива коса пред 40-та година

Сивите влакна се појава која зависи често пати од генетиката. Но, ако повеќе од половина од косата ви е сива веќе во 30-та година од животот, а такви случаи немате во семејството, тоа може да биде знак за дијабетес.

2.Бемки

Иако поголемиот дел од бемките на телото се безопасни и бенигни, некои можат да бидат исклучително опасни, особено оние кои настанале со сончање. Сенилната и актинична кератоза настанува со делувањето на сонцето и неговото УВ-зрачење и се вбројува во пред канцерогени промени на кожата.

3.Белки во очите

Белката во очите би требало да биде бела. Освен при ненаспаност или настинка овој дел од окото може да открие и некои опасни промени во вашиот организам. Жолта белка може да биде знак за жолтица, проблеми со црниот дроб и жолчката. Црвена пак, може да биде знак за висок крвен притисок или вирусно заболување како конјуктивитис.

4.Испукани усни

Незгодните пукнатини на усните може да бидат предизвикани со промена на температурата и од ветерот. Но, пукнатините кои често се јавуваат на усните и внатрешни ранички може да бидат знак за дека ви недостасува витамин Б и цинк. Ако испукани усни се честа појава, причина за тоа може да биде габична инфекција.

5.Отечен врат

Ако сте забележале дека вратот ви изгледа отечен, побарајте што побргу совет од доктор. Отокот на предниот дел од вратот најчесто се предизвикани од проблеми со штитната жлезда кои се вообичаени кај жени помеѓу 20 и 50 години.

6.Паѓање на веѓите

Веѓите со текот на годините стануваат се поретки, но ненадејното паѓање на влакната може да биде знак за проблеми со штитната жлезда, хипертериоза – преактивна штитна жлезда или хипертериоза, намалена активност на штитната жлезда. Вакви промени се пропратени и со паѓање на косата.

7.Црвени дланки

Вжарени и црвени дланки може да бидат причина за дерматитис, егзема или алергиски реакции на метали, лекови, храна или пијалоци. Но, исто така, оваа промена може да биде и знак за отежната активност и заболување на црниот дроб.

8.Промени на ноктите

Ноктите можат многу што да ви откријат за состојбата на вашето тело, а причините за промени може да бидат различни.

9.Ладни стапала

Стапалата се дел од телото кои се најоддалечени од телото и поради тоа први се манифестираат васкуларните заболувања. Рајновата болест е авто-имуна болест која предизвикува стегање на жилите на делови од телото како што се прстите на рацете и нозете, носот и ушите, поради што тие стануваат ладни, бледи, па дури и се втрнат.

10.Црвени образи

Иако ненадејните промени на лицето се вообичаени кај жените помеѓу 30 и 55 години и можат да бидат предизвикани со хормонални промени, со промени на температурата и лута храна, црвени образи може да упатуваат и на розацеа – хронична кожна болест која главно ги опфаќа жените, а чија причина не е позната.

new nike air max 2019