По 10-ти пат во Скопје на 20ти Мај на Плоштад Македонија ќе се одржи Матурска Парада. Учениците од Скопските средни училишта веќе започнуваат да се подготвуваат за овој јубилеен настан посветен токму на нив.

Скопскиот Плоштад ќе биде обоен од стотиците матуранти кои ќе го развеселат овој ден најдобро што знаат.

Настанот е под покровителство на Град Скопје и во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје – Скопско лето и Танцов Спортски Клуб Ритам Плус.