Инспирација
17. December 2016 - 12:33

10 совети за украсување на новогодишната елка

Украсувањето на новогодишната елка е прекрасна семејна традиција, која децата со нетрпение ја очекуваат. Тоа се интимни моменти кога целото семејство може барем за момент да заборави на сите проблеми и едноставно да го почувствува духот на празниците.

Новогодишната елка не е радост само за децата, таа е симбол на празничната атмосфера и центар на новогодишната декорација на домот, па ако досега не сте ја украсиле вашата елка, сега е време да ги соберете новогодишните лампиони и да ја покажете вашата креативност.

Не е важно дали ќе изберете природна свежа или вештачка елка. Важно е да внесете радост и топлина во вашиот дом.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во украсувањето на новогодишната елка.

Поставете ја на вистинското место

Новогодишната елка е срцето на празничната домашна атмосфера, па најдобро е да биде поставена во дневната соба, каде што престојувате најдолго.

Ако изберете природна елка, внимавајте да не биде изложена на директна сончева светлина, да не биде поставена под клима или блиску до силен извор на топлина.

Наместете ја правилно

Најубавиот и најгустиот дел од елката нека биде насочен кон дневната соба, за да измамува погледи. На природна елка лесно ќе можете со потстрижување на гранките да го оформите предниот дел.

Ако имате вештачка елка, пред да започнете со украсувањето, преместувајте ги гранчињата за ѝ дадете убава форма и да направите да изгледа колку што може поприродна.

Изберете го стилот

Не сте задолжени да се придржувате до традиционалната комбинација – зелена, црвена, златна. Бидете инвентивни и не се ограничувајте. Елката може да биде ваше поле за искажување на креативноста. Изберете две или три бои и придржувајте се кон нив, за елката да не изгледа пренатрупано.

Ако сепак решите да се насочите кон повеќе бои, не користете премногу различни големини и форми на лампионите и украсите.

Започнете од сијаличките

Пред да започнете, паметно е да проверите дали сите сијалички работат.

Редете ги новогодишните сијалички од врвот кон дното на елката, за утикачот да ви остане долу и да го приклучите зад елката.

Следуваат синџирчињата и лентите

Ако сакате да акцентирате некоја боја (пример црвена или златна), тогаш искористете ленти и синџирчиња во таква боја.

Поставете ги врз надворешните делови на гранките на елката. Ако не користите сијалички, тогаш украсните ленти се задолжителни.

Останатите совети продолжуваат на втората страна...