10 принципи по кои живеат хороскопските знаци

Секој знак е приказна за себе, па така и овие принципи кои се помалку искрени и отворени, можат да ви покажат многу за секој од хороскопските знаци.

Прочитајте ги лошите и добрите страни според хороскопот, сумирани во 10 реченици.

Овен

Подобро е да не се расправаш со мене.
Прво реагирам, потоа размислувам.
Каде што другите стопираат, јас забрзувам.
Секогаш ќе бидам млад.
Прави ги работите како мене, затоа што тоа е најдобриот начин.
Најтешко нешто е да се сослуша другиот додека не заврши.
Тврдоглавоста не е лоша карактеристика.
Лесно ја контролирам ситуацијата, но, тешко ги контролирам емоциите.
Еден како мене во просторијата е доволен, сè друго е премногу.
Никогаш не напаѓам прв, но, доколку ме нападне некој, возвраќам дупло.

Бик

Не трошам многу пари на шопинг, освен кога ми е здодевно.
Не ми треба ништо што не ми припаѓа, ниту пак го делам она што ми припаѓа.
Јас не се расправам, јас сум само искрен.
Не додевам на никој кој мирува.
Подобро е да си во поудобен кревет, отколку на убаво зајдисонце.
Храна: основна и најважна работа.
Кога јадам, светот мора да почека.
Не сакам директно осветлување.
Ги сакам работите наредени по боја и големина.
Дегустатор: професија од соништата

Близнаци

Денеска сум поинаква личност од вчера.
Кој ги има информациите е главен во ситуацијата.
Еден ум е добар, два се уште подобри, посебно кога и двата се мои.
Работите во менито за јадење постојат за да се пробаат сите наеднаш.
Добрите идеи немаат рок.
Еден телевизор во домот е во ред, три телевизори се сосема доволни.
Правилото прв во времето, прв во правото е најдоброто правило.
Сакам кога лесно ги добивам работите.
Во Рим бидете Римјани.
Квантитетот е важен, квалитетот одзема многу време.

Рак

Мојот дом, мојот замок.
Да внимавам на другите е моја должност.
Тие што се трпеливи, секогаш се наградени.
Домашните миленици се подарок од Бога.
Повеќе се забавувам дома со пријателите, отколку во клуб или ресторан.
Ништо не е попријатно, од полн фрижидер.
Штедењето е доблест.
Тешко е да живееш, доколку немаш каде да се сокриеш во секој момент.
Минатото го носам секаде со себе.
Навистина облеката излегува од мода по 10 години?

Лав

Сонцето е мојата мотивација.
Подобро е да одбијам, отколку да бидам одбиен.
Добрите манири се половина од успехот.
Сонцето свети само за нас.
Убавата канцеларија е поважна од високата плата.
Лажам за убаво да заработам, а уште повеќе да трошам.
Нема потреба да чувам инструмент, на кој не знам да свирам.
Покрај мојот деликатен изглед, сепак длабоко во себе сум диктатор.
Правилниот начин е единствен начин.
Зошто ви е потребно сонцето, ако ме имате мене?

Девица

Трудот и трпението се најважни за успехот.
Срамежливоста не е лоша карактеристика.
Сите живеат за себе, но, и за да служат на другите.
Сакам педантност. Како физичка, така и ментална.
Докажи ми со факти дека ти си личноста која ми одговара!
Округлите работи ме нервираат.
Страв ми е од големи површини.
Подобро е да нарачаме јадење, отколку да го зготвиме.
Зборувај малку, мисли повеќе.
Доколку поминам незабележано, ќе пробам одново.

Вага

Тешко функционирам без партнер.
Најнепријатното нешто се расправиите.
Доколку не можете да ги победите, придружете им се.
Принципите се најчесто непотребни.
Што и да правиш, прави го во друштво.
Убавината ќе го спаси светот.
Најтешкото нешто ми е да донесам одлука.
Секогаш однесувај се како што се чувствуваш.
Не се што ќе започнам, мора да го завршам.
Колку помалку опции, толку подобро.

Скорпија

Сожалувањето кон себе е најлошо потрошено време.
Секој настан има своја добра и лоша страна.
Секогаш наоѓам причина за да се насмеам.
Сè што работите со страст, ќе има позитивен резултат.
Можам да пеам љубовни песни и кога би биле среде војна.
Не секој е достоен за мојата елеганција.
Кога некој ми се допаѓа, тешко е да сокријам.
Сексапилот е клучен фактор за успех.
Мојата нежна страна ја покажувам на оние кои заслужуваат.
Само тој што силно љуби, заслужува среќа.

Стрелец

Секој треба да го вади најдобро од себе.
Многу брзо простувам, бидејќи најчесто заборавам.
Најдоброто патување, е патот околу светот.
Сè што е мало, не е добро.
Идеално би било доколку навистина љубовта се одвиваше како во бајките.
Невозможно е да ми се лутите долго време.
Грижа на совест? Што е тоа?
Монотонијата е одлика на просечните личности.
Тоа што можеш да го направиш утре, не го прави денес.
Можно е да функционирам и без чувство на одговорност.

Јарец

Удобно ми е во сопствената кожа.
Се борам за работите што мислам дека се морални и правилни.
Правилата постојат за да ги почитуваме.
Не поседувам многу, но, тоа што го имам е тоа што сум.
Не сакам кога луѓето доцнат.
Убаво е да сонувате за големи работи, додека сте на сигурно во својата соба.
Во виното е вистината, во годините е мудроста.
Се исплати да се борите за успехот, трпението ќе ве доведе до него.
Годините само ме прават поатрактивна личност.
Доколку не возите внимателно, не се ни качувајте во возилото.

Водолија

Здодевно е да сте слични на сите останати.
Предрасудите се карактеристика на необразовните луѓе.
Иднината мора да е убава.
Тешко е да бидеш ангел, но кон тоа мораме да целиме.
Добрата намера е поважна од доброто дело.
Традицијата е непријател на иновацијата.
Секс? Има многу поважни работи.
Пријателите се секогаш на прво место.
Нема подобар и попаметен од мене.
Слободата е правопропорционална со мотивацијата.

Риби

Полесно ми е да изразам сочувство, отколку да помогнам.
Да одбиете коктел, е исто како рибата да одбие вода.
Зошто да правите нешто утре, ако можете да го направите задутре.
Уредноста е здодевна.
Можам да ветам многу, но не и да го исполнам.
Мразам да работам под притисок.
Можам да ги разберам сите, освен себеси.
Каде дува ветерот, таму сум и јас.
Сите знаат дека често сум зафатен/а. Малку знаат со што.
За што служат чувствата, ако не се за секојдневно да ги искажуваме?