10 нешта кои ги научив откако станав татко

Често слушаме дека да се биде родител е навистина тешко. Сепак, децата ги учат луѓето на многу различни нешта.

Ова се 15 нешта кои јас ги научив откако станав татко.

  • Стануваш посвесен за значењето на родителите во твојот живот, како и тоа дека можеби тие не се совршени, но го прават најдоброто за тебе.
  • Го чувствуваш срамот на другите родители кога нивните деца врескаат во трговскиот центар или на улица. 
  • Ако децата ти ја подадат својата играчка очекувајќи дека ќе се јавиш на телефонот кој ѕвони, подобро да го направиш тоа и да одглумиш добро.
  • Најдоброто нешто што можеш да го направиш за нив е да им покажеш како да бидат добри луѓе. 
  • Со својата сопруга ќе зборувате на детски јазик и тогаш кога тие се заспани. Подгответе се за тоа.
  • Секогаш со себе имај дополнителни алишта или влажни марамици кога излегуваш со децата. Секогаш!
  • Ако мислиш дека жените се тие што плачат без причина, добредојде во светот на децата.
  • Децата нè учат како повторно да ја употребиме својата имагинација.
  • Не се доближувајте премногу блиску до нив кога ждригаат или се обидуваат да кивнат.
  • Можеби често ќе бидеш  валкан, ненаспан и ќе изгледаш како зомби, но ќе уживаш во секоја секунда од тоа да бидеш родител.