10 намирници кои слободно може да ги јадете после поминат рок

Се проценува дека секоја година половина од произведената храна се фрла, односно 1,2 до 2 милијарди тони храна. Поттикнат од тој факт британскиот претприемач Ден Клудереј во тоа видел одлична можност за работа.

Тој ја покренал страната "Approved Food", интернет страна на која се продава храна која се уште е јадлива, но на која и поминал рокот на траење, пишува "The Independent".

"Најважно од се е да се едуцира јавноста за расипливоста на храната. Треба да се разликуваат намирниците со ознака 'Најдобро е да се употреби до' и 'Да се употреби до'. Првото означува предлог од производителот до кој датум храната го задржува најголемиот квалитет, но сигурна е за консумација и после рокот ако се чува правилно. За разлика од тоа 'Да се употреби до' означува рок на траење на храната која е брзо расиплива и може да претставува непосредна опасност за човечкото здравје после рокот, па не се препорачува да се јаде откако ќе и измине рокот", истакнува Ден.

10 намирници кои можат да се јадат и после истекот на рокот на траење

1. Чипс - солта која ја содржи го продолжува векот на траење.

2. Чоколадо - шеќерот кој го содржи го продолжува векот на траење.

3. Кечап - сосовите како кечап можат да траат до година дена ако се чуваат на ладно и суво место.

4. Јогурт - може да трае до шест недели после рокот на траење.

5. Тврдо сирење - овие сирења траат подолго од меките.

6. Млеко - се додека нема незгоден мирис може да се пие.

7. Јајца - можете да проверите дали јајцата се добри во вода. Ако јајцето потоне, добро е за јадење, но ако плута најверојатно е расипано и немојте да го јадете.

8. Леб - може да трае до неколку дена, а можете да го омекнете ако го загреете во микробранова печка.

9. Ориз - може да трае со месеци после истекот на рокот.

10. Овошје и зеленчук - ако нема мувла или ако не е кашесто, тогаш можете да го јадете.