Неверство, непочитување, исчезнување на страста и љубовта звучат како сосема конкретни и разбирливи причини за прекинување на бракот, односно развод. Но не е секогаш така, некои луѓе решаваат да побараат развод од многу побанални причини. Тешко е да се поверува дека во официјалните документи при барање на развод ги има овие причини, или се тие само изговор за нешто што се крие длабоко под нив. 

10-те најчудни причини за развод:

Алергичност на сопругата:
Постојат алергии на полен, одредени видови на храна, текстилни материјали, но дека присуството на некоја личност може да предизвика алергична реакција, е сосема непознато. Но, некој човек решил токму тоа да го наведе како главна причина за барањето развод од својаа жена, што секако, судијата не го прифатил.

Предобар сопруг:
Случајот од Египет, вели дека некоја жена, побарала да се разведе од својот сопруг бидејќи бил премногу верен и добар. На суд изјавила дека за време на бракот многу се променил, престанал да пуши и излегува со пријателите до доцна во ноќта. Неговото однесување ја правело да се чувстува депресивно и несреќно. Се вели дека успејале да се разведат, откако сите обиди за помирување пропаднале. 

Зависност од сапуници:
На некој човек му се смачило тоа што неговата жена по цели денови гледа сапуници. Ги занемарила домашните обврски, па дури и сопругот и децата. Тоа се смета за легитимна причина за барање развод. 

Ми здосади да бидам во брак:
Бракот според некои е како играчка, па едноставно во одреден момент може да ти здосади. На извесен пар им здосадил брачниот живот па решиле да пробаат како би изгледало да не мораат да се прилагодуваат на друга личност. 

Зависност од чистење:
Германка не можела веќе да ја поднесе опсесијата на својот сопруг од чистење. 15 години го трпела неговото однесување, а пресуден момент бил кога мажот урнал цел ѕид од домот поради тоа што бил „валкан“ и соградил нов. 

Рани животни од улица:
Пензионерка од Романија, не можела веќе да поднесе нејзиниот сопруг да ја троши пензијата за купување на храна за животни од улица. Тоа е многу племенита работа, но на жената едноставно и пречело што мажот троши повеќе пари на кучињата-скитници отколку на неа. Поради кучињата-скитници, се развеле по 50 години брак. 

Сите мои пријатели се разведоа:
Следење на трендовите. На некои луѓе трендот и пријателите им се поважни од сопствениот брак. Откако пријателите се развеле, веќе немало смисла тие да бидат во брак. Со престанокот на дружењето во парови, престана и смислата на нивниот брак. 

Прегласно јаде:
Прегласното џвакање на партнерот, толку ја излудувало што веќе не можела да поднесе заеднички живот. Партнерот не сакал да го стиши своето уживање во храната, па единствено решение бил развод. 

Не му се допаѓа филмот „Frozen“:
Огромниот кино-хит „Frozen“ имаше фанови од целиот свет, но една жена станала вистински опседната со филмот, до толку што не можела да разбере како е возможно да не му се допаѓа на сопругот. Сметала дека поради тоа нивните карактери не се еден за друг и дека тој не е добар човек. 

Статус на Фејсбук:
Фејсбук и социјалните мрежи играат улога во високи 20% од разводите во последните години. Па така, поради тоа што мажот не сакал да го промени љубовниот статус на фејсбук во „Оженет“, жената го доживеала како непочитување и незаинтересираност за понатамошен живот.