10 моќни мудрости на Индијанците: Не зборувајте лошо за другите – негативната енергија која ја испраќате ќе ви се врати вам

Етиката, моралот и вредности кои ги имаат Индијанците се едни од најсилните кои ги знаат светот и историјата. Од нив можеме да научиме многу мудрости, но и  да го смениме својот начин на размислување.

Ова се 10 мудрости од Индијанците.

Станете со сонцето и помолете се. Молете се сами и молете се често.

Бидете толерантни кон оние кои не се на истиот пат како вас. Незнаењето, лутењето и љубомората прават луѓето да се изгубат во сопствениот живот.

Пронајдете се себеси. Не дозволувајте другите да управуваат со вашиот пат. Тоа е само ваш пат. Можат да одат со вас, но не и да ве водат.

Бидете добри кон луѓето кои доаѓаат на вашата врата. Дајте им насмевка, најдобра храна, топол кревет.

Не го земајте тоа што не е ваше, ниту од човековата заедница, природата или пак нечија култура. Не сте го заслужиле тоа.

Почитувајте ги билките и животните на земјата.

Почитувајте го мислењето на другите луѓе, нивните желби и зборови. Не ги прекинувајте додека зборуваат, не занемарувајте им и не ги навредувајте. Секоја личност има право на свое мислење.

Не зборувајте лошо за другите. Негативната енергија која ја испраќате ќе ви се врати само вам, и тоа двојно.

Сите луѓе грешат. Скоро сите грешки можат да бидат простени.

Негативните мисли создаваат болест на умот, телото и духот. Вежбајте оптимизам.