10 мали животни лекции кои ги научив од мојата мајка

Мојата мајка почина пред неколку години. Иако тоа остави голема празнина во животот на нашето семејство, сепак јас целиот живот ќе ги носам лекциите на кои таа ме научи.

Беше помудра одошто и кажував, верував дека животот ја научил на тоа. Постојано ја слушав што има да ми каже, иако некогаш изгледаше дека ги игнорирам нејзините совети.

Кога животот ќе тргне на лошо, смеата е најдоброто почетно решение.

Ако чевлите се точни и убави, купи ги во секоја боја. 

Посвети се на моментот, бидејќи го снемува во секунда.

Пријателите се најголемото богатство во животот. Чувај ги.

Животот е најубав кога го очекуваме неочекуваното.

Имај почит кон повозрасните, бидејќи еден ден ќе бидеш како нив.

Кога гледаш во огледало, сакај го тоа што го гледаш.

Заборави на совршениот маж, тој не постои.

Сите бараме среќа во друга личност, но среќата е домот во кој самите живееме.

Сите работи се случуваат со причина. Така требало да биде.