10 лекции кои ги научив од мојата баба

Нашите баби и дедовци се луѓе кои имаат огромно влијание на тоа какви стануваме како личности. Тие се луѓе кои нè растат и воспитуваат  и нè учат на многу важни лекции во животот. Од нив можеме да научиме многу за храброста и битките кои тие ги воделе во животот.

Ова се 10 работи кои ги научив од мојата баба.

  1. Држете го својот ум отворен кон сите можности. Не ги затворајте очите пред нив.
  2. Биди среќен и тогаш кога мислиш дека не можеш. Пушти музика и танцувај. Не се предавај.
  3. Секогаш верувај во своето семејство. Тие се твојата најголема поддршка.
  4. Читај, читај различни нешта кои те интересираат. Секогаш труди се да ги прошируваш своите интереси.
  5. Простувај, не за другите, туку за себеси.
  6. Смеј се и на своја сметка.
  7. Не прави претпоставки за никого пред да го запознаеш. Не донесувај заклучоци за луѓето според нивната облека.
  8. Кога мислиш дека целиот свет е против тебе, тогаш ќе научиш кои се твоите најдобри пријатели.
  9. Оние кои не сакаат да бидат дел од твојот живот, пушти ги да си одат. Поврзи се силно со оние кои ти значат.
  10. Однесувај се со луѓето со почит и разбирање, без оглед на нивната положба и титула.