10 кобни секунди беа потребни за да ме убедат дека не ми треба многу во животот

Се враќав од театар таа вечер. „ Животот е прекрасен” беше на репертоар таа вечер. Публиката уживаше во маестралноста на актерите во текот на целата вечер. Не размислувавме многу на работите надвор од салата, само уживавме.

Бев со пријателите, ме прашаа дали сакам пијалок после претставата. „Возам” реков. Можеби друг пат.

Возејќи накај дома, само една грешка, една кобна секунда (или дел од неа) беа потребни за да се променат сите нешта во мојот живот. Се разбудив по неколку дена во болницата, гледајќи во загрижениот лик на моите родители. Не ни знаев што точно се случило.

Но, одеднаш ми стана јасно. Не живеам за другите. Ако животот може да го снема во секунда, зошто би се грижеле за мали тривијални нешта. Ни минута од животот веќе не би поминал мислејќи на некој кој не ме сака и не ме почитува. Неважни се и социјалните мрежи, лажната среќа. 

Важен е само овој момент, тоа што го имаме сега, бидејќи од еден момент зависи сè. 

Неважни ни се сите луѓе кои ни кажуваат како да живееме, бидејќи само еден миг од животот може сè да ни одземе. Да немаме ништо. 

Во тој момент се неважни сите наши големи планови, сите желби и сите стравови кои сме ги имале. Ништо. Само големината и скапоценоста на животот. 

Среќата е во малите нешта, во спознанието колку лесно може да ни се лизне животот од рака и колку сме сакани од своите блиски. Луѓето кои највеќе се грижат за нас и нè сакаат и кои не би поднеле да нè изгубат.

Тоа е најважното.