10 изненадувачки факти за оргазмот

Постојат некои работи за оргазмот кои од секогаш сте сакале да ги знаете или воопшто не сте ни помислиле дека постојат. Ние ви објаснуваме 10 изненадувачки факти за оргазмот кои можеби се одговор на некои вашите неразјаснети прашања.

Оргазмот ослободува од секаква болка

Доколку ве боли глава или имате било какви други болки, најдоброто решение за нивно здраво отстранување е да имате односи со вашиот партнер и да доживеете оргазам. Кога доживувате оргазам, во телото ви се ослободува хормон наречен окситоцин кој има релаксирачко дејство. 

Кондомите не прават разлика во квалитетот на оргазмот

Заборавете ги митовите дека кондомите влијаат на квалитетот на оргазам. Жените доживуваат ист оргазам со кондом и без кондом. Кондомите штитат од заразно преносливи болести, па затоа треба да ги користите и не се плашете дека ќе ви го намалат оргазмот.

30% од жените во светот имаат проблем со доживување на оргазам

Една на три жени има проблем со доживување на оргазам, а 80% од жените имаат проблем да доживеат оргазам додека имаат однос без сконцентрирана стимулација на клиторисот.

Оргазмот од Г-точка може да биде подобар од клиторичниот оргазам

Многу од жените не знаат каде се наоѓа нивната Г-точка. Таа се наоѓа на горниот ѕид во внатрешноста на вагината после рапавата површина. Пробајте да ја пронајдете со прсти.  

Оргазмот станува се подобар како што старееме

Многу работи се влошуваат кога старееме, но за разлика од овие работи оргазмот станува се подобар и почест. Не се знае зашто баш ова се случува, се претпоставува дека е поради тоа што жените добиваат повеќе самодоверба со текот со годините и се поопуштени во спалната соба.

Со менување на пози до посилен оргазам

Жените кои менуваат пози за време на сексуалниот однос, и кои освен вагинален секс имаат и орален или анален, доживуваат многу посилен и почест оргазам.

Сексуалната самодоверба влијае на квалитетот на оргазмот

Доколку имате самодоверба и знаете дека тоа што го правите во спалната соба го излудува партнерот, ќе можете почесто и полесно да доживувате оргазам. Пракајте си позитивни мисли за вас и вашето тело за да можете да си ја зголемите самодовербата.

Лажен оргазам

На едно истражување се покажало дека дури 85% од жените фејкираат оргазам за време на сексуален однос со нивниот партнер. 

Во ретки случаи може да се постигне оргазам без генитална стимулација

Ова е вистина, некои жени можат да доживеат оргазам без генитална стимулација. Тоа се случува бидејќи е зголемен крвниот притисок и создава вибрации кои го допираат клиторисот од внатрешна страна.

На жените им треба подолго време...

За разлика од мажите кои можат да доживеат оргазам за многу кратко време, на најголем дел од жените им се потребни минимум 20 минути за да го доживеат истото.