Нашиот мозок е неверојатен. Ни помага да го допреме секој врв, да ги оствариме сите соништа и да ги постигнеме и најкомплицираните цели. Сепак, ако сакаме да имаме се, мораме прво да ги сфатиме принципите на кои функионира нашиот мозок.

Прочитајте ги овие неверојатни факти за тоа како функционира мозокот и почнете да ги користите уште денес.

1 . За нашиот мозок, нема разлика помеѓу реалноста и фантазијата

Нашиот мозок реагира на секоја мисла и не може да направи разлика помеѓу фактот и фантазијата. Ова е причината поради која луѓето кои гледаат розево на работите се посреќни и ова е причината поради која нашето тело го прима пласибо лекот како вистински лек.

2. Умствената работа не го уморува мозокот

Чувството на мозочна замореност произлегува од нашите чувства. Текот на крвта низ мозокот за време на активна работа останува непроменет. Иако на пример, крвта од вените на човек кој цел ден работел значително се менува.

3.Најчесто мозокот работи автоматски

Повеќето од половината од денешните мисли се всушност мисли од вчера. Ова е причината поради која е многу тешко за песимистите да го сменат својот начин на размислување. Тие мораат прво да го исчистат мозокот и да направат тој почесто да реагира на позитивни работи.

4. Ние го гледаме она за коешто размислуваме

Мислите се претвораат во искуства. На пример, ако сонувате да одите за Париз, постојано ќе гледате некои мали знаци и потсетници за градот. Ако сакате да го промените светот околу вас, променете ги вашите мисли.

5. На нашиот ум му е потребен тренинг исто како што им е потребен тренинг на мускулите

Мозокот не е различен од мускулите: и нему е потребен тренинг. Учењето, свеж воздух, вежбање, здрава исхрана, добар сон, патување на нови места, нови активности, правење забелешки, танцување, па дури и играње тетрис се корисни за вашиот мозок.

6. Нашиот ум никогаш не одмара

Дури и кога спиеме, нашиот мозок напорно работи. Всушност, кога спиеме, неговата активност е дури и повисока во споредба со активноста преку ден.

7. Исклучувањето одвреме-навреме е витално

За да не се удави во илјадниците негативни мисли, ние мораме да се „исклучиме“ за да го одмориме имунитетот. Не заборавајте на активниот одмор: за нашиот мозок, тоа е најкорисниот начин за опуштање.

8. Добро е да се заборава затоа што на тој начин ја одржуваме флексибилноста на нашиот нервен систем

За да можеме да складираме нови спомени, нашиот ум мора да се ослободи од старите. Убаво би било кога би можеле да одлучуваме што да паметиме, а што да забораваме. За да го направиме ова, мораме почесто да ги користиме информациите кои сакаме да ги зачуваме.

9. Нашиот мозок е отпорен на болка

Нашиот мозок реагира на болката, но тој самиот не ја чувствува поради недостаток од потребните рецептори. Иако овој факт не важи за поголемиот дел на крвни капилари, нерви и ткива кои го опкружуваат мозокот.

10. Можеме да го промениме мозокот

Секоја активност прави нашиот мозок да генерира нови невронски врски. Ако мислиме дека не можеме да го добиеме унапредувањето, оваа идеја само повеќе ќе се зацврстува во нашата свест. Но, ако ја употребувате фразата: „Ќе успеам“, самиот мозок ќе ви даде можности за да ја остварите вашата цел.

Ние ја имаме можноста да направите буквално се. Важно е да веруваме во тоа.